Ристо Николов уште една сезона во Џио Струмица

Раководството на Џио Струмица обезбеди уште еден значаен потпис за новата натпреварувачка сезона, откако успеа да го задржи во своите редови Ристо Николов. Средниот блокер на македонската репрезентација подолго време настапува за струмичани, се наметна како еден од лидерите на овој тим, а неговото останува е уште една потврда за високите амбиции на актуелниот првак.

„Нашиот одбојкарски репрезентативец целата играчка кариера на домашната сцена ја мина во Џио Струмица, а неговото присуство во тимот ќе му помогне на тренерот Кире Ричлиев да создаде игра за остварување на клупските амбиции во сезоната 2020/2021“, порачуваат од таборот на струмичани.

Претходно, раководството на Џио Струмица потпиша договори со Владо Милев и со Васе Михаилов со што значително ја засили конкуренцијата на примачката позицијата. Со оглед на овие потези, јасно е дека екипата ќе располага со искуство како значајна компонента, а според најавите, клубот планира и процес на подмладување, односно засилена активност во работата со младите категории заради создавање одбојкари коишто ќе бидат основа на струмичкиот состав во подолг временски интервал.

Се вчитува...