Ристовски: Играме против клуб кој е во топ 10 во светот, а ЛШ не дозволува ни мала грешка

Динамо Загреб не успеа да приреди уште една сензација и со триумф на „Сан Сиро“ да се најде на добар пат за пласман во следната фаза од Лигата на Шампионите во група во која покрај загрепскиот клуб и Милан се уште Челси и Салцбург.

„Модрите“ загубија со 3-1, а капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски вели дека мораат да продолжат да чекорат со кренати глави. Милан е клубот кој е во топ 10 во светот и нема време да сентименталност во густиот распоред.

„Мораме да одиме со крената глава, игравме против клуб кој е во топ 10 во светот, клуб со голема традиција. Ова натпреварување не дозволува грешки. Мала грешка веднаш се казнува. Мораме да одиме по својот пат и да веруваме до крајот“, вели Ристовски кој потоа продолжи:

„Побега ми побегна за гол? Ми побегнаа сите. Навистина е тешко да се одбрните кога ќе ве притиснат. Славевме против Челси, изгубивме на „Сан Сиро“, сега не чека Локомотива, распоредот е густ и не ти дозволува опуштање. Мене ме чека и репрезентацијата. Мораме да признаме дека сме во тежок ритам и да се соочиме со тоа. Идеме понатаму“

Се вчитува...