Ристовски: Не сакавме да се доведеме во ваква ситуација, да мораме да правиме математики

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе првиот пораз во новото издание на Лига Нации откако загуби од Грузија на домашен терен со 0-3. Откако мрежите мируваа во првите 45. минути, Грузиците со три гола во вториот дел стигнаа до третата победа во натпреварувањето.

По натпреварот Милан Ристовски не го криеше разочарувањето од поразот, а ја честита победата на Грузија. Тој додаде дека тимот не сакал да се доведе во ваква ситуација, но сега истата мора да се надмине.

„Со оглед на тоа колку се подготвувавме и верувавме во овој натпревар, сме разочарани. Но, понекогаш фудбалот е таков, да не речам суров. Не секогаш испаѓа така како што ќе замислите. Грузија беше подобра и мора да и се честита. За жал, мора да се надеваме сега и да правиме математики. Не сакавме да се доведеме во таква ситуација, но, за жал ќе мора да чекаме на кикс на противникот и ние да победиме на гости ако сакаме да конкурираме за првото место“

Се вчитува...