Ристовски: Повторно се родив благодарение на Пандев… Претходно сонував, сега испишувам историја

Бекот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски за италијанскиот „калчомеркато“ говореше за успехот на фудбалската репрезентација на Македонија и историскиот пласман на Европското првенство, како и за тоа колку капитенот Горан Пандев му има помогнато во кариерата.

„Горан за нас е како Ибрахимовиќ во Милан. Сите го сакаат и е идол на сите фудбалери. Мене лично многу ми помогна во животот. Тој за мене е втор татко. Како млад го имав најлошиот период во Италија. Му се јавив на Горан и тој многу ми помогна тој период. Имав 19 години и играв за Кротоне, а тој беше мојата најголема поддршка. Поминавме се и се што во репрезентација. Долги години сум во неа и игравме пред празни трибини, бевме исвиркувани, не беше лесно. Претходно само сонувавме, а сега испишуваме историја“, вели Ристовски. 

 

Се вчитува...