„Роџер ќе го пропушти Ролан Гарос, Рафа нема да игра на УС опен, а Новак…“

Поранешниот австралиски тенисер Тод Вудбриџ се сомнева дека најдобрите тенисери ќе играат и на УС опен и на Ролан Гарос годинава. Поради пандемијата од коронавирусот Ролан Гарос нема да се одржи во предвидениот термин, туку е одложен за 20. септември, односно само седум дена по завршувањето на УС опен.

„Што ќе прави Рафа? Дали ќе игра во Њујорк или ќе се чува за Париз? Тешко ќе биде на било кого да ги освои и двата турнира. УС опен е брутален бидејќи во Њујорк е жешко. Ролан Гарос е физички тежок бидејќи се игра на земја. Тенисерите веројатно ќе се одлучат за настап само на еден. Не верувам дека Роџер ќе игра на Ролан Гарос, исто како што не верувам дека Рафа ќе настапи во Њујорк. Новак? Дали може да ги освои двете титули?“, и изјавата на Вудбриџ. 

Мината година титулите во Париз и Њујорк ги освои Шпанецот Рафаел Надал.

Се вчитува...