Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс преговара за нов договор со клубот. Актуелниот договор на Ројс истекува на крајот од натпреварувачката сезона.
Германскиот репрезентативец се пресели во Борусија Дортмунд во 2012 година од својот истоименик од Менхенгладбах. Во мај ќе наполни 34 години, а еден месец подоцна му истекува договорот со „милионерите“. Сепак, тој вели дека во клубот од Дортмунд би сакал да остане до крајот на кариерата.
„Би сакал да останам овде до крајот на кариерата. Преговараме, се ќе биде познато во наредните недели“, вели Ројс.
Сезонава одигра 21 натпревар за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања, постигна осум гола и додаде седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА