Ројс спасител за Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд стигна до многу важен триумф во борбата за титулата со Баерн Минхен, откако славеше на домашен терен над Штутгарт со 2-1 во меч од 12. коло во германската Бундеслига.

Домаќините поведоа со голот на Мален во 56. минутата. Гостите од Штутгарт израмнија на 1-1 во 63. преку Масимо, додека злато вредните три бода за „милионерите“ ги донесе Марко Ројс во 85. минута.

 

РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 12. КОЛО: 

Борусија Д. – Штутгарт 2-1

Баер Л. – Бохум 1-0

Борусија М. – Фурт 4-0

Хофенхајм – Лајпциг 2-0

Билефилд – Волфсбург 2-2

 

 

Се вчитува...