Рома и Интер ремизираа на „Олимпико“

Рома и Интер одиграа 2-2 на „Олимпико“ во вечерната пресметка од Серија А. „Нероаѕурите“ двапати имаа водство на овој меч, но римјаните наоѓаа сили да се вратат и да израмнат. На крајот ги поделија бодовите.

Интер поведе со голот на Кеита Балде во 37.минута, а Ченгиз Ундер успеа да израмни на почетокот на вториот дел. Мауро Икарди уште еднаш донесе предност за гостите од Милано, но Рома стигна до бод од пенал. Брозовиќ играше со рака во сопствениот шеснаесетник, ВАР – технологијата тоа го потврди, а Александар Коларов успешно ја реализираше најстрогата казна.

Се вчитува...