Романски медиуми пишуваат дека Николов е отстранет од ФЦСБ, клубот демантира

Романските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец Бобан Николов направил голем скандал во ФЦСБ, откако имал конфликт со својот соиграч Андреј Кордеа за време на еден тренинг.

Наводно ФСЦБ веднаш реагирал и го отстранил од тимот, меѓутоа од клубот потоа демантираа дека Николов е остранет. Наводно скандалот се случил во петокот.

Интересно е тоа што Николов го немаше ниту меѓу резервите на ФЦСБ на натпреварот со Аргеш кој се играше во недела, и кој неговиот тим го доби со 1-2.

Николов зимава беше пред напуштање на тимот поради слабата минутажа, меѓутоа на крајот се реши да остане во екипата, иако ретко кога добива шанса меѓу првите 11.

Се вчитува...