Легендарниот Роналдињо по бројните преговори со клубови ширум Бразил на крајот сепак пронајде нов ангажман. Бразилската телевизија ЕСПН јавува дека славниот 36-годишен фудбалер повторно ќе игра „дома“, откако постигнал договор со раководството на Коритиба.
Иако до неодамна се пишуваше дека Роналдињо е на чекор до уругвајскиот прволигаш Насионал, последните информации говорат дека трансферот во Коритиба е веќе договорена работа. Тој ќе потпише договор за плата од 88.000 евра месечно, сума многу пониска од оние на кои навикнал, но мора да се напомене дека Бразилецот нема одиграно официјален натпревар година и половина, кога настапуваше во Флуминенсе.
Покрај платата, Коритиба ќе му обезбеди на Роналдињо и луксузно сместување во близина на клупскиот тренинг комплекс, како и приватно осигурување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА