Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо му се враќа на фудбалот и ќе потпише за Биркиркара, пренесуваат медиумите на Малта. Преговорите се уште се во тек, а Роналдињо е подготвен да се врати на фудбалот по четири години, кога за последен пат го носеше дресот на Флуминенсе.
Роналдињо важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Најдобрите игри во кариерата ги покажа во Барселона со која ја освои Лигата на шампионите во 2006 година, а година порано беше избран и за најдобар фудбалер во светот. Со репрезентацијата на Бразил го освои Светското првенство во 2002, а покрај Барселона на стариот континент настапуваше и за Пари Сен Жермен и Милан.
Биркиркара зад себе има разочарувачка сезона во која завршија на седмото место во домашното првенство од вкупно 14 екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА