Роналдо бил понуден во Наполи, но го одбиле!

Спортскиот директор на наполи, Кристиано Гвинтоли ги потврди информациите дека клубот имал можност да го донесе Кристијано Роналдо минатото лето, но таа можност била отфрлена.

„Вистина е дека ни предлагаа да го земеме Кристијано Роналдо. Ние имаме многу добри односи со Мендеш и тој му предложи на претседателот Аурелио де Лаурентис да го купим. Тогаш требаше брзо да донесеме одлука и согледавме дека таков трансфер е над нашите можности “ – изјави Гвинтоли за италијанските медиуми.

Тој истакна дека Роналдо е фудбалер што ја прави разликата во играта на Јувентус, но и дека Наполи не се откажува од борбата за шампионската титула во Италија.

„Со Роналдо во оставот, Јувентус е еден од најдобрите тимови во Европа и за нас ќе биде гиолемо постигнување ако успееме да ги победиме. Свесен сум дека таа задача е многу сложена, но ние не сме се откажале од титулата во Италија“ – вели шефот на Наполи.

Се вчитува...