Кристијано Роналдо даде целосна поддршка за ВАР-технологијата во фудбалот откако Јувентус денеска токму поради овој „изум“ стигна до победата против Сампдорија од 2-1. Гостите од Џенова во финишот постигнаа прекрасен погодок за 2-2, по што судиите дури по повторено прегледување на снимката го поништија поради офсајд.
„Ми се допаѓа ВАР бидејќи судиите во текот на натпреварите се соочуваат со тешки задачи, сите треба да ја поздравиме технологијата што им ја олеснува работата“ – истакна Роналдо.
Гостинскиот тренер Марко Џампаоло немаше замерки за поништениот гол, но имаше што да каже за вториот погодок на Јувентус, што Роналдо го постигна од пенал досуден токму со ВАР-технологија.
„Што се однесува до вториот гол, нашиот напаѓач се активираше од офсајд, штета е што така убав гол мораше да биде поништен. За мене според е пеналот за Јувентус што е чист подарок. Апсурдно е за такво нешто да биде покажано на белата точка“ – порача Џампаоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА