Роналдо во одбрана на Кулибали – да му кажеме „не“ на расизмот

Кристијано Роналдо застана во одбрана на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, по синоќешниот натпрвар меѓу Интер и Наполи.

За потсетување, Кулибали синоќа беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на Интер, а тренерот на Наполи, Карло Анџелоти после натпреварот порача дека ќе ги повлече своите фудбалери од терен, ако се повтори ваков инцидент.

Во одбрана на Сенегалецот застана и Роналдо со својата порака преку социјалните мрежи.

Секогаш сакам едукација и респект во животот и во фудбалот. Да му кажеме „не“ на расизмот и на секој друг вид на дискриминација“ – порача Кристијано Роналдо.

Се вчитува...