Розе: Цело време ни недостасува пола тим, не можеме да играме како што сакаме

Тренерот на Борусија Дортмунд, Марко Розе се пожали на медиумите дека во текот на целиот дел од есенската полусезона, не може да смета на сите играчи кои ги има на располагање.

Тој ова го кажа откако одговори на критиките на Дитмар Хаман, поранешен фудбалер и сега ТВ коментатор, на тоа дека не му се допаѓа играта на Борусија.

„Цело време Хаман е против нас. Тој не знае дека во текот на целата сезона играме без пола тим. На секој натпревар ни недостасува по некој. На некои позиции ги немаме дури и двајцата играчи на кои сметаме, па мораме да ротираме, да импровизираме, да менуваме тактика. Тоа влијае на играта, на нашиот концепт и на крај на резултатот. Не можеме да играме онака како што сакаме ако имаме многу повредени играчи. На ниту еден натпревар ги немавме сите играчи на располагање“, рече Розе.

Борусија Дортмунд има шест бодови заостанување на втората позиција на табелата.

Се вчитува...