Румениге: Левандовски е далеку пред Халанд, зошто Баерн да дава пари за него?

Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд формата од Молде и Салзбург ја префрли и во германското првенство каде во дресот на Борусија Дортмунд на 69 натпревари постигна 70 погодоци и се наметна како еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

Интересот за 21-годишникот од ден за ден е се поголем и неговото заминување од редовите на „милионерите“ е се поизвесно, а како една од можните дестинации се споменува и Баерн Минхен.

Сепак доскорешениот прв човек на „баварците“, Карл Ханјц Румениге на работите гледа поинаку. За него Роберт Левандовски е далку подобар играч од 21-годишникот, а не ја гледа поентата за соединување на овие два напаѓачи.

„Кога некој ќе ме праша кој е подобар напаѓач – Роберт Левандовски или Ерлинг Халанд мојот брз одговор гласи: Левандовски! Тој е далеку пред Халанд. За неколку години Халанд може да има предност пред се поради годишната возраст, но моментално Левандовски е број еден. Тој е совршен центарфор, посебно за стилот на игра на Баерн кој сака да има посед, да доминира. Моментално нема играч кој е блиску до Лева. Ниту Кристијано Роналдо…“

„Дали Баерн треба да лицитра за Ерлинг? Ќе одговорам со контра прашање: Зошто би? Левандовски сигурно има уште неколку години на врвно ниво и покрај тоа што има 33 години. Погледнете го Роналдо. Тој е одличен пример. Кога премина од Реал во Јувнтус за 100 милиони евра многу луѓе се смееја на Италијанците. Говореа како Реал ги „покрал“, а Роналдо даде повеќе од 100 гола за Јуве. Сега дава голови за Манчестер Јунајтед, а има 37 години. Левандовски е како Роналдо. Живее здраво и се грижи за своето тело. Верувам дека Баерн знае колкава е вредноста на Роберт и нема да се изненадам доколку остане и по 2023 година во клубот. Тој заедно со Халад нема да функционира. Едноставно таков е стилот на игра на Баерн. Во системот нема место за два центарфора, а секако Баерн нема да се откаже од системот кој ја донесе една од најуспешните децении во историјата на клубот“, напиша Румениге.

Се вчитува...