Вејн Руни ги демантираше гласините дека е во војна со својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, по конфликтот што двајцата го имаа при втората авантура на Португалецот на „Олд Трафорд“.
Руни го критикуваше Роналдо за однесувањето на теренот и надвор од него, конфликтите со тренерите, по што Кристијано му возврати во прошталното интервју за Пирс Морган изјавувајќи: Не знам зошто Вејн толку ме критикува, најверојатно затоа што тој ја заврши кариерата, а јас се уште играм на високо ниво. Нема ни да кажам дека изгледам подобро од него. А изгледам!
Од тоа интервју минаа неколку години, а Руни неодамна му беше гостин на поранешниот соиграч Рио Фердинанд, при што говореше и за односот со Роналдо.
„Луѓето мислат дека јас го мразам Кристијано, а вистината е сосема поразлича. Мислам дека е апсолутен генијалец, максимално го почитувам она што го прави, мислам дека никој не може ниту да претпостави колку сме блиски ние двајца. Само затоа што имам кажано дека за мене Меси е најдобар фудбалер тоа е значи дека го мразам Ронанлдо“, прокоментира Вејн Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

