Допинг скандалите во Русија не се смируваат. Руската атлетска федерација дисквалификува три учеснички на Олимписките игри во Лондон во 2012, откако на повтореното тестирање е утврдени дека биле допингувани. Дисквалификувани се руските олимпијки во фрлање кладиво, Марија Беспалова и Гуфија Чанафеева, како и натпреварувачката во трискок, Викторија Ваљукевич.
Дисквалификацијата на Беспалова и на Чанафеева значи дека сите три Русинки што фрлаа кладиво на ОИ 2012 биле позитивни на допинг тестот бидејќи претходно и беше одземен златниот медал и на олимписката шампионка Татјана Лисенко.
Ваљукевич беше осма во трискок во Лондон, две места пред сонародничката Татјана Лебедева на која поради допинг и се одземени две медали од ОИ 2008 во Пекинг.
На Чанафеева ова и е трет позитивен допинг тест. Прв пат таа беше суспендирана во 2002 година поради допинг, а во 2008 година доби суспензија бидејќи ја дала својата урина на други за тестирање.
Беспалова моментно ја издржува четиригодишната суспензија бидејќи во 2015 година беше позитивна на забранет стероид.
Откако Меѓунадониот олимписки комитет (ИОК) почна да ги тестира примероците од 2008 и од 2012 година, повеќе од 30 руски спортисти во различни спортови беа позитивни на допинг тестовите. Како последица на тоа, Русија загуби 26 олимписки медали, од кои најмногу во атлетика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА