Сабаленка се повреди на една седмица пред Вимблдон

Арина Сабаленка ја очекува трка со времето во наредните девет дена, откако една од најдобрите светски тенисерки се повреди пред претстојното изданиена Вимблдон.

Сабаленка учествуваше на турнирот во Берлин, но не успа да го доврши денешниот дуел со Катерина Синиакова. Белорусинката побара медицински тајмаут при водство на противничката од 4-1 во првиот сет, се обиде да продолжи да игра со повредено рамо, но откако го загуби и наредниот гејм реши да не ризикува и да се повлече од овој турнир.

Ова е прв предаден меч на Сабаленка во последните години, па фановите со право се загрижени дали оваа тенисерка ќе биде во можност да настапи на Вимблдон, каде лани стигна до полуфиналето и загуби од Жабер.

Настапот во Берлин прерано го заврши и Жабер, и тоа поради болест откако туниската тенисерка го предаде својот меч против Коко Гоф при 0-1 во сетови.

Се вчитува...