Садио Мане: Баерн е вистинскиот избор, и Кристијано ми кажа дека не сум згрешил што си заминав од Ливерпул

Садио Мане изненади многумина со одлуката да си замине од Ливерпул, од неколкуте понуди на маса прифаќајќи ја онаа за трансфер во Баерн Минхен. Сенегалецот е убеден дека го донел вистинскиот избор бидејќи Баерн игра одличен фудбалер, а Бундес-лигата се докажа како апсолутно израмнето натпреварување.

„За мене нема дилема, Баерн беше вистинскиот избор. Многумина се сомневаа, но Бундес-лигата не е многу послаба од Премиер-лигата. Израмнета е, само погледнете ја табелата, атмосферата на стадионите е фантастична. Трансферот од Ливерпул во Баерн ми е чекор напред во кариерата. Убеден сум дека во иднина уште многу асови од Премиер-лигата ќе доаѓаат во Германија“, изјави Мане.

Воедно, тој откри и дека имал случајна средба со Кристијано Роналдо, од кого добил поддршка за реализираниот трансфер.

„Бев на одмор во Мајорка и таму се сретнав со Кристијано Роналдо. Се поздравивме и првото што ми го рече беше дека не сум згрешил што заминав од Ливерпул во Баерн, туку напротив тоа е вистински чекор за мојата кариера“, обелодени поранешниот ас на „црвените“.

Се вчитува...