Баерн Минхен нема да го толерира скандалозното однесување на Садио Мане. Сенегалскиот репрезентативец влезе во физички конфликт со Лирој Сане по натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на Шампионите за што доби суспензија, а на лето и ќе замине од клубот, откриваат германските медиуми.
Во полза на Мане не е ниту новиот тренер Томас Тухел кој не го гледа како еден од корисните играчи во сезоните кои следат, како и преголемата плата од 20 милиони евра по сезоната па баварците ќе бараат решение за ослободување од неговите услуги.
Мане пристигна на „Алијанц Арена“ изминатото лето од редовите на Ливерпул во трансфер вреден 32 милиони евра. Претходно настапуваше и за Метц, Салзбург и Саутемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА