Салах е „бог“, Кариус ќе беше херој, а Хари Кејн од трагичар стана спасител

Ливерпул и Тотенхем одиграа 2-2 во неверојатно „луд“ натпревар на „Енфилд роуд“. Домашниот тим го имаше расположениот Мохамед Салах, кој двапати мајсторски ја тресеше мрежата на Тотенхем, Лорис Кариус одбрани и пенал, но Ванјама и Хари Кејн од својот втор пенал на мечот, и тоа во последната минута од судиското продолжение, спаси бод за „спарси“ на овој дуел.

Салах во третата минута го искористи подарокот на Даер и го доведе Ливерпул во водство. Се до завршницата „црвените“ имаа водство, а во 80.минута Ванјама упати „бомба“ од 30 метри, израмнувајќи на 1-1. Само пет минути подоцна Хари Кејн имаше можност да донесе целосен пресврт, но Лорис Кариус го одбрани неговиот удар од белата точка.

Во судиското продолжение вистинска „лудница“. Салах направи дар – мар во одбраната на Тотенхем и со фантастичен погодок донесе нова предност за Ливерпул, а во последниот напад за Тотенхем беше досуден уште еден пенал за гостите. Овојпат Хари Кејн беше прецизен реализатор, го постигна својот стоти погодок во Премиер – лигата, израмни на 2-2, и му донесе бод на Тотенхем.

Се вчитува...