Поранешниот напаѓач на Барселона и на Интер, Самуел Ето (35), го напушти турскиот клуб Анталија и се врати во Русија, каде потпиша договор со прволигашот Амкар. Тој денеска беше претставен како ново засилување и ќе го носи дресот со број „36“.
Ето се враќа во рускиот фудбал по три и пол години, откако претходно беше член на Анжи Махачкала, кој во тој период имаше амбициозен проект. Камерунецот во својата кариера го носеше и дресот на Интер, Барселона, Челси, Евертон, во Европа се прослави во Мајорка, а беше дел и од Реал Мадрид. Тој е најдобар стрелец во историјата на камерунската репрезентација со одиграни 118 натпревари и 56 постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА