Сањол: Имаме подеми и падови, но моите играчи сакаат пласман на ЕВРО 2024

Фудбалската репрезентација на Грузија стигна до еден од најголемите триумфи во историјата, откако вечерва на гостински терен славеа над Македонија со 0-3.

Селекторот на Грузија по натпреварот вели дека и покрај тоа што имаат подеми и падови верува дека може да се пласираат на ЕВРО 2024.

„Ако ја гледате последната година на Грузија имаше подеми и падови. Септември беше катасторфлен за нас имавме три порази многу повреди и нашите играчи не играа во клубовите. Тешко е да се каже што ќе се случува во иднина. Доколку играчите сакаат да успеат ќе дадат се од себе и ќе се наметнуваат во клубовите каде што играат. Јас можам да поставам тактика, но се друго е до нив. Можам да кажам дека сме амбицизиозни и мислам дека се трудат за да направат чекор повеќе и пласман на Европско првенство“, изјави Сањол. 

Се вчитува...