Сањол: Ја респектираме Македонија, но ние дојдовме по победа

Грузија доаѓа во Македонија во одлична серија од две победи, а особено после онаа победа над Бугарија кога им сервираа „петарда“ на Бугарите во Разград и ја победија со 2-5.

Грузијците исто така ќе сакаат и одмазда за поразот во плеј-офот за пласман на Европско првенство. Нивниот селектор, прославениот француски ас Вили Сањол вели дека кај неговите фудбалери е присутна желбата за одмазда и дека сакаат да ја продолжат успешната серија во Лигата на нации.

“Максимално ја почитуваме Македонија, за која не врзуваат болни сеќавања од Тбилиси. Домаќините се фаворити на овој меч, не ние. Но тоа не значи дека однапред се предаваме. Напротив, дојдовме тука по победа затоа што Македонија е наш должник. Имаме два одлични натпревари во низа, и сега сакаме тоа да продолжи. Овој натпревар може да биде многу важен во битката за првото место, затоа сакаме три бода”, рече Сањол на прес-конференцијата на Националната Арена „Тодор Проески“.

Се вчитува...