Сањол: Македонија е најсилен противник во групата, но наша цел е првото место

Фудбалската репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пресрет двата натпревари од Лигата на нации против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември). Избраниците на Боби Милевски за прв противник во овој дел од Лигата на нации ќе ја има Грузија.

Селекторот на репрезентацијата на Грузија, Вили Сањол вели дека Македонија е најквалитетен противник во оваа група, но дека нивна цел останува првото место и бараж за пласман на ЕВРО 2024.

„Македонија е најсилниот противник во групата. Не можам да кажам дека ќе се радувам на еден или три бода. Ќе бидам среќен ако ја завршиме групата на првото место. Јунските мечеви беа извонредни и истото го очекувам и во септември. Може да биде потешка и поинаква средба од онаа во Скопје. Мора да ги поправиме малите грешки направени во првото полувреме против Македонија следната недела“, вели Сањол.

Се вчитува...