Сањол нема дилема: Грузија оди во Македонија за да победи!

Грузија фуриозно ја победи Бугарија среде Разград славејќи убедливо со 5-2, па сега по две одиграни кола има импресивна гол-разлика 9-2, пред гостувањето во четврток во Скопје против Македонија. Претходно Грузија го победи Гибралтар во Тбилиси со 4-0 во четвртокот.

За потсетување, Грузија и Македонија одиграа реми (1-1) во минатото издание од Лигата на нации, пред болниот пораз за Грузијците, а историски за нас во баражот за пласман на Евро 2020 во ноември 2020 година.

Селекторот Сањол најави дека Грузија во Скопје ќе дојде со цел да победи, најавувајќи дека неговиот тим има голема самодоверба и е силно мотивиран.

„Овие фудбалери веќе покажаа дека имаат победнички менталитет, се борат за секоја топка и јас сум пресреќен за тоа. Овој меч со Бугарија останува зад нас, а сета концентрација е на следниот со Македонија. Нѐ чека гостување во Скопје, но сега прво треба да се одмориме, да ја вратиме силата и потоа да одиме да извадиме резултат што го сакаме со Македонците, а тоа е нова победа“, вели Сањол.

Се вчитува...