Сањол: Респект за Македонија, но сега ние сме лидери

ЕКИПА во Тбилиси,

Горан Бошев

Македонската фудбалска репрезентација утре гостува во Грузија во претпоследното коло од Лигата на Нации. Противникот кој е на врвот на групата мора да биде совладан со три гола разлика за дополнителни натпревари за пласман на ЕВРО 2024 година во Германија.

Пред утрешниот натпревар пофални зборови за нашата репрезентација имаше гурзискиот селектор, Вили Сањол. Но, со цела почит која ја има кон „црвено-жолтите“ тој верува дека неговиот тим ќе го одбрани првото место во групата.

„За мене Македонија беше најдобриот тим во групата пред почетокот на натпреварите. Играа на Европско првенство и имаат одлична група на фудбалери. Но, сега сме лидери во групата, сами одлучуваме за првото место и ќе бидеме многу разочарани ако не успееме да завршиме први.

Не смееме да го започнеме мечот со мисла дека ни треба бод за прво место. Но, ако сакаме победа мораме да бидеме квалитетни на секој дел од теренот. Почнувајќи од одбраната. Македонија не е тим што само играше на Европското првенство туку тоа е тим кој што ја исфрли една Италија од учество на следното Светско првенство.

Имавме само еден заеднички тренинг пред овој натпревар. Без задоволен од тоа што го видов. Мечот ќе биде на високо ниво, со голем интензитет. Ќе видиме колку ќе биде поразличен од јунскиот за нас или за Македонија“, изјави Сањол.

Натпреварот во Тбилиси е на програмата со почеток од 18 часот.

Се вчитува...