Сапуница без граници: Сега Олимпик Марсеј го обвинува Нејмар за расизам

Дербито меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј се одигра пред десетина дена, но се уште не стивнуваат страстите по конфликтите во кои судијата покажа дури пет црвени картони. „Светците“ од Париз не успеаја да најдат видео-докази како Нејмар е расистички навредуван од Алваро, но „сапуницата“ од денеска има нова епизода, откако челниците на Олимпик Марсеј го обвинија Нејмар за расизам.

„Олимпик Марсеј тврди дека поседува аудио материјали како Нејмар расистички го навредува Касаи. Тој во неколку ситуации му се обраќа со „кинеско с..ње“, што е класичен пример за расизам. Обвиненијата од Олимпик се потврдени и од неколку експерти за читање од усни“, пишуваат француските медиуми.

Доколку бидат докажани ваквите тврдења, Бразилецот на ПСЖ би можел да добие казна од дури 20 натпревари неиграње. Нејмар веќе беше казнет со два натпревари неиграње поради црвениот картон добиен во самиот финиш, поради удирање без топка на Алваро.

 

Се вчитува...