„Се надевам дека нема да треба да се прави голем рез… Николов самиот е виновен што нема клуб“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот за двата натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември).

Селекторот не е задоволен од формата на фудбалерите од кои само неколку играат на ниво, велејќи дека се надева дека нема да мора да се прави голем рез во иднина во репрезентацијата…

„Се надевам дека нема да треба да правиме голем рез, бидејќи голем дел немаат клубови или дел од нив што би се рекло вчера најдоа клубови. Освен Аријан Адеми и Ристовски кои играат во одлична форма и Миовски во Шкотска, другите ќе мора да ја подигнат формата на повисоко ниво од таа во кои што се во моментов“ – вели Милевски.

Околу Бобан Николов тој вели дека и тој има голема вина што се уште нема клуб…

„Кога е во прашање Николов во разговор со него дојдовме до заклучок дека и тој има голема вина бидејќи иако имал неколку понуди сепак не прифатил ниту една од нив“, вели Милевски.

Се вчитува...