„Се надеваме на сезоната на трева, но…“

Првиот човек на ВТА Стив Сајмон се надева дека тениската сезона ќе продолжи со турнирите на трева, но истакнува дека е свесен дека суспензијата може да трае повеќе.

„Следиме се што се случува во светот, собираме информации, слушаме мислења на стручните лица и надлежните власти. Сите овие ограничувања во патувањата може да бидат проблем за нас кога ќе продолжи сезоната. Во овој момент се надеваме дека тоа ќе се случи кога ќе продолжат турнирите на трева. Но, мораме да бидеме реални суспензијата може да трае многу повеќе. Се надеваме дека ќе почнеме со тенис во јуни, ако не кога ќе почне американската турнеја месец подоцна“, изјави Сајмон. 

Тенисот е суспендиран до 7. јуни поради пандемијата од ковид-19 која го зафати светот.

Се вчитува...