Андре Онана ќе брани во турската Супер-лига, откако Трабзонспор договорил позајмица на голманот на Манчестер Јунајтед. Наскоро треба да се финализираат сите детали и Камерунецот да се пресели во Турција.
Онана дојде во Манчестер Јунајтед од Интер пред две години, но не ги оправда очекувањата со оглед дека направи неколку големи киксови.
Трабзонспор во него најде замена за долгогодишниот чувар на мрежата Угурчан Чакир, кој направи изненадувачки трансфер во Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

