Братот на претепаниот Денис Тот: „Нашите родители итно отпатуваа во Скопје, не знаеме што точно се случило“

Хрватскиот ракометер Денис Тот, член на РК Бутел од Скопје, од синоќа е во скопските клиники во борба за својот живот откако бил брутално претепан во главниот град на Македонија.

Тот е примен во клиниката во Скопје со тешки повреди по целото тело. Од РК Бутел уште доцна синоќа ја потврдија информацијата дека се наоѓа во критична ситуација, иако без детали околу тоа што точно се случило со 27-годишниот Тот.

Денеска се очекува официјална реакција и од Министерството за внатрешни работи, а пред тоа дека Тот се наоѓа во тешка состојба во клиничкиот центар во Скопје потврди и неговиот брат Борис, кој игра во Холандија.

„Нашите родители се на пат за Скопје, но немаме премногу информации што точно се случило. Ќе знаеме многу повеќе во текот на денот“изјави за хрватските медиуми Борис Тот.

Се вчитува...