Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се враќа во добро препознатливата своја гол-форма. А, кога игра Миовски победува и Абердин кој по три едноподруго порази се врати на победите во шкотската Премиерлига.
Абердин славеше убедливо со 3-1 против Мадервил, а најзаслужен за триумфот беше македонскиот напаѓач со два погодоци постигнати во второто полувреме.
Абердин до предност дојде во 42. минута со голот на Дјук. А потоа на сцена стапи Миовски кој постигна два гола, стрелајќи во 64. и во 69.минута за водство од 3-0.
GGGOOOOOAASALLL #2 pic.twitter.com/Vpby3Z16pm
— Mark Robertson (@mark_robertson9) February 4, 2023
GGGOOOAAALLL #3 pic.twitter.com/Yxq815ksmw
— Mark Robertson (@mark_robertson9) February 4, 2023
Гостите единствено до крајот успеаја да го ублажат поразот со голот од пенал на Ван Фен.
Со овие два погодоци Бојан Миовски дојде до 14 гола во најсилната лига на Шкотска, што го зацврсти на третата позиција на листата на најдобрите стрелци, со четири гола помалку од водечкиот Јапонец Фурукаши од Селтик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА