Се врати Зивчевиќ, се вратија и победите на Куманово

Куманово славеше со убедливи 75-109 на гостувањето против Академија ФМП, прекинувајќи ја мини-кризната серија од два порази во плејаут лигата од екипите на Кожув и на Ангели. Ненад Зивчевиќ, кој ги пропушти последните две средби поради ситна повреда, денеска беше во тимот и со 33 поени го предводеше Куманово во овој убедлив триумф.

Победата на гостинскиот состав беше најавена уште во првата четвртина, што избраниците на тренерот Мирковски ја добија со 25-38. Младиот состав на Академија ФМП подобро парираше во втората (24-23) и во третата четвртина (13-17), но затоа последните десет минути минаа во апсолутна доминација на гостите, кои ги добија завршните десетминути со 13-31, за конечна победа од 34 поени разлика.

Покрај Зивчевиќ и неговите 33 поени, одличен во дресот на Куманово беше и Јузбашиќ, кој го заврши мечот со 30 поени и 14 скокови. Најдобар поединец во таборот на Академија ФМП беше центарот Леонид Тодоровски, кој реализираше 27 поени, со шут од поле 11/13.

Се вчитува...