Сега е официјално: Покетино на клупата на ПСЖ

Најлошо чуваната тајна од 2020 година беше официјално потврдена во вториот ден од 2021, откако ПСЖ го именуваше Маурицио Покетино за нов тренер за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Разделбата од Томас Тухел беше објавена пред десетина дена, а уште тогаш беше најавено дека е постигнат договор Покетино да биде наследникот на германскиот стратег на „Паркот на принцовите“. Сепак, се чекаше уште една седмица за да биде постигнат целосен договор, Аргентинецот во текот на вчерашниот ден пристигна во Париз, за денеска да потпише договор.

Маурицио Покетино со овој потпис се враќа во клубот за кој настапуваше во периодот од 2001 до 2003 година. Тој е шестиот тренер откако ПСЖ доби катарски газди, следејќи ги чекорите на Антоан Кумбаре, Карло Анчелоти, Лорен Блан, Унаи Емери и Томас Тухел.

Се вчитува...