Сензација во Мелбурн – Рафа Надал елиминиран од Австриецот Тим

Доминик Тим стигна до сензационална победа на првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен, откако во четвртфиналето го елиминираше првиот носител, Шпанецот, Рафаел Надал. Во неверојатно исцрпувачки меч кој траеше повеќе од четири часа, Тим беше подобар од популарниот Рафа со 3-1, по сетови (7-6, 7-6, 4-6 и 7-6).

Во првите два сета иако Шпанецот имаше брејк предност, Австриецот успеваше да се врати и во тај-брејк да стигне до водство од 2-0. Во третиот сет при резултат 5-4, Рафа успеа да направи брејк и да го намали резултатот на 2-1. Во последниот сет, Тим прв стигна до брејк (2-1), а имаше и сервис за победа, но при резултат (5-4) направи неколку грешки кои ги искористи Надал и успеа да се врати и да го одведе и четвртиот сет во тај-брејк. Во тринаесеттата игра Австриецот успеа да ја искористи дури третата меч топка и да стигне до конечен триумф од 3-1.

Во полуфиналето тој ќе се сретне со Германецот Александар Зверев кој во четвтрфиналето беше подобар од Стен Вавринка со 3-1, по сетови (1-6, 6-3, 6-4 и 6-2). Во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер за кои ова ќе биде јубилеен 50. меѓусебен дуел.

Се вчитува...