Сензационален пораз за бранителките на трофејот: Франција падна пред Кореја на стартот на СП

Актуелните светски шампионки, бранителките на титулата од пред две години, репрезентативките на Франција претрпеа шокантен пораз на стартот од Светското ракометно првенство во Јапонија кое почна денеска. Франција загуби во дуелот од првото коло од групната фаза од Јужна кореја со 29-27.

Јужна Кореја се избори за победата во второто полувреме кое и припадна со 17-12, претходно Франција имаше минимална предност од 13-12 на полувремето.

Во оваа конкуренција, селекцијата на Германија тргна со победа. Славеше над Бразил со 30-24. Подоцна ќе биде одигран натпреварот меѓу Данска и Австралија.

Неочекуван пораз на почетокот од Светското првнество претрпе и Холандија. загуби од Словенија со 32-26. Словенките се заедно со Србинките со почетни два бода откако и репрезентацијата на Србија тргна со успех. Славеше против Ангола со 32-25.

Се вчитува...