Сериозен фудбал на денот на шегата: Градско дерби во Ливерпул, битка за титула во Франција

Првиот ден од април за мнозинството е денот на шегата, но за фанатиците е фудбалски празник, бидејќи во сабота очекуваме вистинско фудбалско лудило. Репрезентативните обврски завршуваат неколку дена пред почетокот на април, а по десетина дена пауза ќе уживаме во четири дерби натпревари, во кои изненадувањата и возбудувањата се главни карактеристики.

Денот започнува со најсилната лига во Европа. Во Англија, Ливерпул ќе го пречека градскиот ривал Евертон, а „Енфилд“ е секогаш подготвен за спектакл. „Црвените“ ќе се обидат да продолжат со серијата на натпревари без пораз од соседот, кој пак не знае за победа од 2010 година.

Попладневните часови продолжуваат со уште едно градско дерби, но овој пат е во Германија, а на „Велтинс арената“ ќе се судрат Шалке и Дортмунд. Последниот меѓусебен двобој заврши без погодоци, иако нивното минато прогнозира редовно тресење на мрежите.

Фудбалско уживање ветува и финалето во францускиот куп, кое се игра во Лион, каде силите ќе ги одмерат главните конкуренти за француското првенство, ПСЖ и Монако. Сензационалата сезона „кнезовите“ сакаат да ја крунисаат со две титули, а нема ништо послатко од тоа да ги земеш трофеите пред носот на ривалот, кој доминира во последниве четири години.

Во Португалија пак, ќе се одлучува шампионот. Дербито помеѓу Бенфика и Порто ќе се одигра на „Луж“ стадионот во Лисабон. Актуелниот шампион е на само еден бод од второпласираниот Порто, кој пак ќе проба да го прекине тригодишниот пост без трофеј во домашното првенство.

Се вчитува...