Серж Гнабри: Дембеле е подобар од Мбапе!

Серж Гнабри ја изненади фудбалската јавност со изјавата дека Усман Дембеле е подобар од Килијан Мбапе. Фудбалерот на Баерн Минхен, во разговор со Томас Милер и Џошуа Кимих го објаснил изборот за напаѓачот на Барса.

Изјавата особено изненадува со моменталната ситуација, имајќи предвид дека Дембеле е 4 месеци надвор од терените, додека Мбапе на почетокот од сезоната запиша шест гола и седум асистенции на четиринаесет натпревари.

„Дембеле е подобар од Мбапе“, потенцирал Гнабри во разговор со Милер.

За потсетување, екс-претседателот на Барселона, Бартомеу имал веројатно слично мислење како и Гнабри, имајќи предвид дека тој за медиумите во еден момент истакна дека договорот на Мбапе бил ставен на маса, но раководството на каталонскиот клуб го фаворизирал Дембеле.

Се вчитува...