Шалке сигурно го држи „фенерот“ во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шалке остануваат зациментирани на последната позиција во германската Бундеслига, откако вечерва во еден од директните дуели за опстанок како дел од последниот натпревар од 27. коло загубија на гостувањето кај Хофенхајм со 2-0.

Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со автоголот на Крал во 22. минута од натпреварот. Конечните 2-0 ги постави Бебу од пенал во 70. минута.

 

Се вчитува...