Шалке со прва победа од ноември (ВИДЕО)

Шалке, конечно, после три и пол месеци успеа да дојде до победа во Бундеслигата. Последен триумф на тимот од Гелзенкирхен беше на 9. ноември минатата година.

Денеска во Гелзенкирхен „падна“ тимот на Штутгарт со 2-1, меѓутоа недоволно „сините“ да се одлепат од последното место на табелата.

Победата дојде благодарение на головите на Дрекслер во 10. минута, и Билтер во 40. минута. Борна Соса во 63. минута намали на 2-1.

Се вчитува...