Шарапова: Ветувам нема да се вратам

Марија Шарапова изјави дека не планира да се враќа во тенисот од кој се прости на крајот на минатиот месец. Убавата Русинка одлучи во 32 година од животот да ја заврши кариерата, бидејќи не можеше веќе да се бори со повредите.

„Нема да се вратам во тенисот, ветувам. Тешко е да се споредам со Ким Клајстерс и Серена Вилијамс. Кога е во прашање жената, секако треба во обѕир да се земе и создавање на семејство. Јас не знам како би можела да бидам мајка и да играм“, изјави Шарапова. 

Петкратната грен-слем шампионка и поранешната прва тенисерка на светот во кариерата освои 39 ВТА титули вклучувајќи го и завршниот турнир во 2004 година, а на ЛОИ во 2012 во Лондон се закити со сребрениот медал.

Се вчитува...