Реми без голови меѓу Докса и АЕК Ларнака во 20. коло од кипарскиот шампионат. „Македонската пресметка“ заврши без погодоци и тоа главно благодарејќи на репрезентативниот голман Дамјан Шишковски кој беше извонреден на голот на Докса.
Шишковски во 30. минута, луцидно, му одбрани и пенал на репрезентативниот соиграч Иван Тричковски.
Интересно, во второто полувреме и домашните не реализираа удар од белата точка, па резултатот остана оној почетниот.
- Одбраната на Шишковски може да ја погледнете на временскиот исечок – 3:00…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА