Шишковски направи пенал за директен црвен картон во ремито на Докса (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски заработи директен црвен картон во ремито (1-1) на Докса против Олимпијакос Никозија во 16. коло од кипарскиот шампионат.

Шишковски во 74. минута, при водство од 1-0 за Докса, неспретно реагираше со рака соборувајќи го противничкиот напаѓач, па покрај пеналот за гостите доби и директен црвен картон.

Па Олимпијакос дојде до 1-1, со гол од повторен пенал.

Во тимот на Докса целиот натпревар го одигра и Душан Трајчевски.

Се вчитува...