Шкендија по нови три бода против Победа

Шкендија и Победа денеска во Тетово го отвораат 22. коло од Првата македонска фудбалска лига. Лидерот на прволигашката табела сосема очекувано ја носи фаворитската улога, иако прилепчани добро ги паметат и оние 3-3 во Тетово од есенскиот дел на шампионатот.

Во таборот на Шкендија нема опуштање пред средбата затоа што, како што велат, добро знаат дека бодовите и се неопходни и на Победа во трката за опстанок…

„Атмосферата во тимот е на највисоко ниво. Но, не треба да има опуштање туку мудро да се одигра против Победа. На тоа не опоменуваат и оние 3-3 од првата меѓусебна средба. Во секој случај, ако дадеме максимум од нас тогаш победата не треба да биде доведена во прашање. Со потценувачки однос кон противникот сами на себе може да си создадеме проблеми. Тоа не треба да го дозволиме“ – вели голманот на Шкендија, Костадин Захов.

Останатите четири натпревари од 22. коло во ПМФЛ се играат утре. Вардар и Академија Пандев вчера најавија и можност за бојкотирање на натамошните натпревари од Првата лига.

 

Се вчитува...