Шок во Дортмунд – Халанд паузира до 2022 година?

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, најверојатно нема да се врати на терените до крајот на годината поради обновената повреда на мускулот.

Информацијата ја објави „Билд“, а потврдата дојде од поранешниот репрезентативец на Норвешка и пријател на младиот напаѓач Јан Оге Фјерторф.

„Може да се случи неговиот натпревар против Ајакс да му биде последен оваа година“, рече Фертофт.

Норвешкиот репрезентативец се врати на теренот по четири пропуштени натпревари на 16 октомври во дуелот со Мајнц, но повторно се повреди три дена подоцна на натпреварот од Лигата на шампионите против Ајакс.

Халанд сезонава постигна девет гола на шест натпревари во Бундеслигата, а доколку се остварат прогнозите, до крајот на годината одличниот напаѓач ќе пропушти 12 натпревари.

Се вчитува...