Што донесе откажувањето на Индијан Велс за врвот на АТП листата

Одлуката да биде откажан првиот годинашен тениски турнир од Мастерс 1000 серијата внесе неизвесност околу тоа што ќе се случува со бодовите на тенисерите. Со оглед дека пред секој тунрир на учесниците им се одземаат бодовите освоени на претходното издание  така е и со поените од ласкиот Индијан Велс и покрај годинашното откажување. Во најмала загуба е биде лидерот на АТП, Новак Ѓоковиќ додека во најголема Доминк Тим кој лани го освои овој турнир.

Ѓоковиќ беше елиминиран во третото коло и му се одземемени 45 бода, на Тим 1000, на Федерер кој загуби во финалето 600, а на Надал кој стигна до полуфиналето му се одземаат 360 бода.

Во ваков случај никакви промени нема да има меѓу водечката четвoрка. Тим и покрај ваквиот развој на настаните ќе си го задржи третото место на кое се проби пред две седмици. АТП утрво го објави рејтингот со одземени бодови од ланското изднаие на Индијан Велс. Следен турнир кој треба да се одржи е Мастерсот во Мајами.

Се вчитува...