Што ќе се случи со Ролан Гарос и со Вимблдон?

Коронавирусот донесе целосна блокада на светскиот спорт, па така во изминатите денови беше донесена одлука за одлагање на сите тениски турнири до 26 април.

Нема гаранција дека „белиот спорт“ ќе почне со натпреварувања по истекот на овој рок, а со самото тоа се поставува прашањето дали воопшто ќе се одржат следните два гранслем турнири, Ролан Гарос и Вимблдон.

Прв на програмата вообичаено е Ролан Гарос, кој годинава требаше да се одржи од 24 мај до 6 јуни.

„Ја следиме ситуацијата со загриженост. Една од опциите е да се игра без публика, но тоа ќе предизвика сериозни загуби. Во секој случај, здравјето на тенисерите ќе биде најважно, а ние одлуката нема да ја донесеме сами, туку по консултации со сите релевантни организации“, изјави директорот на Ролан Гарос, Ги Форже.

Еден месец подоцна, од 29 јуни до 12 јули, ќе треба да се игра Вимблдон, но Британците имаат јасен став, овој турнир нема да биде без публика, па доколку светската криза со коронавирусот не се среди во меѓувреме, „неофицијалното светско првенство“ ќе биде откажано.

Се вчитува...