Швијонтек се спаси од пораз во епски меч со Наоми Осака

Поројните дождови во Париз придонесоа да бидат откажани сите мечеви на отворените терени на Ролан Гарос, но затоа еден од дуелите на главните арени во „градот на светлината“ донесе и огромна борба, откако Ига Швијонтек се спаси од работ на амбисот во пресметката со Наоми Осака. Најдобрата светска тенисерка во решавачкиот сет губеше со 5-2, но успеа да се врати и со голем пресврт стигна до огромна победа.

Првиот сет мина во израмнета битка во која и двете тенисерки направија по еден брејк, за во тајбрејкот Швијонтек да доминира и да слави со 7-1. Тоа беше аларм за будење на Осака, која го доби вториот сет со убедливи 6-1, а потоа во третиот стигна до предност од 4-1. Супердраматично беше во деветтиот гејм, кога Осака при 5-3 не  искористи меч-топка, по што Швијонтек стигна до брејк намалувајќи на 5-4. Фаворитката се врати во ритам, па успеа да израмни на 5-5, а потоа по голем борба и нов брејк поведе со 5-6. Отпорот на Јапонката беше скршен, па ШВијонтек го доби и следниот гејм и се пласираше во третата рунда.

Во вториот меч од женскиот турнир на попладневната програма, Коко Гауф славеше со 2-0 во сетови над Словенката Тамара Жиданшек.

Се вчитува...